Еден од најавтентичните настани во Охрид последните години, „Ој љубов, љубов“ – староградска пловидба со ВИС „Билјана” ќе се одржи денес, годинава по шести пат, во рамки на Алтернативното културно лето што го организира Културолошка иницијатива 5 до 12.

Традиционално, во 17:30 часот е збирното место на сите пловни објекти, искучиво со веслање, е плажата Канео. Се плови до Старото пристаниште – Островче и во 18:30 часот настанот може да се посети и од копно. Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме сите охридски и македонски песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено, велат организаторите.

За безбедноста ќе се грижат Езерската полиција, Капетанија на пристаништата и Црвен крст Охрид, а организаторот апелира до сите што ќе присуствуваат да ги почитуваат безбедносните мерки и внимателно да се однесуваат

 

Забрането е употреба на било какви пиротехнички средства за време на настанот! Сите пловни објекти со мотор да се држат подалеку од веслачите и кајчето со ансамблот. Ве замолуваме за коректно однесување за настанот да помине во најдобар ред како што доликува, апелираат организаторите.

Настанот, годините наназад предизвикува огромен интерес и е вистинско освежување во културната понуда на Охрид.

 

OhridNews