Пред нас е една тешка недела, каде имаме два тешки натпревари. Во среда ни доаѓа екипата на Алкалоид, квалитетна екипа која претендира да биде во врвот на македонскиот ракомет, изјави капитенот на ГРК Охрид, Гоце Ојлески.
Имавме една утакмица со нив во првото коло, одигравме доста добар натпревар. Сега ќе играме нов натпревар, каде тие се подготвуваат да не победат. И ние истото го правиме, ги анализираме. Секако дека посакуваме победа. Ќе дадеме се од себе да извојуваме победа. Распоредот е густ, ни следува и европска утакмица. Имаме добра екипа и можеме да одговориме на сите предизвици, додаде Ојлески.
Натпреварот ГРК Охрид- РК Алкалоид се игра утре во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 19 часот.
OhridNews












