Основното јавно обвинителство ги презема сите потребни мерки за разјаснување на причините поради кои дојде до сообраќајната незгода кај Ласкарци, изјави денес обвинителот Љубомир Јовески.
Тој потенцира дека имаат сознанија за закани за живот и следење на возачот на автобусот, но апелираше да се почитува презумцијата на невиност се додека не се утврдат вистинските приини за несреќата и евентуалниот виновник.
- Во моментов се вршат вештачења во делот на тој предмет, се испитуваат и сведоци во делот на незгодата и причини и евентуалната кривична одговорност на сторителот или сторителите. Обвинителството сè уште нема докази кој ја има одговорноста во врска со конкретна несреќа, и не може конкретно да ја посочи вината кон одредени лица“, рече Јовевски.
Јавниот обвинител кажа дека дел од материјалите се обезбедни од превозникот, возачот еднаш бил сослушан, и ако има потреба повторно ќе биде сослушан.