Објавен јавен оглас за поставување урбана опрема –покриени и непокриени шанкови со локации на подрачје на Општина Охрид за период 2023-2026 година. Како што е наведено во јавниот оглас предмет на истиот е добивање право за поставување урбана опрема по пат на јавно електронско наддавање за наведениот период.

Шанковите кои ќе се поставуваат треба да бидат лесно монтажно демонтажни и изработени од природни материјали (дрво или имитација на дрво) кои ќе се вклопат во околината, без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот, во градското подрачје на Охрид, како и надвор од градот на подрачјето на Општина Охрид, се наведува во огласот.

Предметот на јавниот оглас претставуваат 14 локации на кои ќе се поставува предвидената урбана опрема чија местоположба со површина на секоја локација е прикажана во графичките прилози на Програмата за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год. Секоја локација претставува посебен предмет на јавно наддавање.

По завршување на јавното наддавање за секоја локација помеѓу Градоначалникот и најповолниот понудувач се склучува Договор за условите и начинот на користење и одржување на добиените локации, по што следува постапка за издавање на Одобрение за урбана опрема за поставување на истата. Најповолниот понудувач може да пристапи кон поставување на урбаната опрема по добивање на Одобрение за урбана опрема, се потенцира во огласот.

Јавниот оглас трае до 15.05.2023 година, најдоцна до 13.00 часот. Детали за истиот на следниот ЛИНК.

OhridNews