Општина Охрид ги објави конкурсите за доделување на стипендии за учениците од основните и средните училишта и студентските стипендии.

Стипендии на ученици од средни училишта ќе бидат доделени за талентирани ученици (од I, II, III и IV година) и за ученици кои живеат во потешки социјални услови (од I, II, III и IV година). Стипендиите се неповратни и се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една учебна година во износ од 2.000,00 денари месечно. Повеќе информации на линкот.
Општина Охрид доделува и стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2025/2026 година кои живеат во потешки социјални услови.
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари месечно за 9 (девет) месеци во текот на академската 2025/2026 година.
Стипендиите се доделуваат во две категории: за редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република Македонија за академската 2025/2026 кои живеат во потешки социјални услови и за редовни студенти од Општина Охрид запишани на
додипломски студии во I година на државни универзитети во други земји за академската 2025/2025 година кои живеат во потешки социјални услови. Повеќе информации за начините на аплицирање на линкот.
Рокот за доставuvawe на потребните документи за аpлицирање за добивање стипендии е до 16 февруари 2026 година.
OhridNews











