Објавени наградените творби од литературниот конкурс на тема „Векувањето на македонскиот јазик“ кој по повод 21-ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик беше распишан од страна на Младинскиот Центар Охрид.
Наградите ќе бидат доделени во склоп на настанот кој ќе се одржи по повод 21-ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик во вторник во просториите на Младински Центар Охрид. Поради помалиот број на пристигнати творби стурчната комисија составена од поетот и проф. Славе Ѓорѓо Димоски (претседател на комисијата), поетесата и професорка Марина Икономева-Шокева и претставник на МЦО – Јован Цветкоски, одлучија да се доделат по 2 награди во двете категории, информираат од Младински Центар.
Наградените творби се под шифрите:
Поезија:
1. 22012004, 18 години
2. Везилка04, 18 години
Проза:
1. ехор00 А1, 17 год.
2. Потомец 16 год.
На наградените, велат, ќе им бидат доделени книги од издавачката куќа на ПНВ Публикации, диплома за освоено место, како и картичка за попуст „Охриѓанка“ на првите места за цела година, на вторите места за наредните 3 месеци.
Им се заблагодаруваме на пријавените, се надеваме догодина ќе се зголемува бројот, и ова нека биде еден вид мотивација за останатите, па ги повикуваме и тие да дојдат да бидат присутни во вторник на настанот, да ги претстават своите творби. Во текот на денешниот ден наградените ќе мора да го докажат своето авторство, на нашиот email [email protected], додаваат.
На утрешниот настан предвидено е по официјалното отворање, обраќање на поетот Славе Ѓорѓо Димоски, претставување на наградените литературни творби, доделување на наградите, промоција на збирката раскази „Другаруваме со Лили и Вили“ од младата писателка Матеа Стоев, како и креативна работилница за деца со младата писателка Матеа Стоев. Настанок ќе започне во 12ч во просториите на Младински Центар Охрид.
OhridNews