Општина Охрид објави јавен повик за финансирање проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2023 г.

Целта како што е наведено во повикот е зајакнување и поддршка на локалниот економски развој и туризмот, обезбедување на поцелосно застапување на конкретни локални/регионални интереси преку зајакнување на локални/регионални иницијативи и поврзување на засегнатите страни на локално/регионално ниво со цел да се создадат конкурентни туристички производи, како и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во заедницата и развивање на свеста за економската важност, социјалните и другите ефекти од туризмот, како и потребата и важноста од зачувување и подобрување на сите елементи на туристичката ресурсна база на охридската туристичка дестинација, а особено заштитата на животната средина како и природното и културното наследство во согласност со принципите на одржлив развој и препораките на УНЕСКО.

Вкупниот износ за овој повик изнесува 950.000.00 денари од кои 450.000.00 денари за проекти од програмата за поддршка на локалниот економски развој, 500.000.00 за проекти од програмата за поттикнување на развојот на туризмот. Максималниот износ за подршка на секој избран проект изнесува 150.000,00 денари, а за сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупната вредност на проектот.

Кандидати кои можат да аплицираат се, здруженија на граѓани и месни и урбани заедници со седиште во Општина Охрид како матична општина каде ќе се спроведуваат проектните активности. Истите да се регистрирани најмалку две години пред објавата на повикот.

Крајниот рок за прием на пријавите е 31.03.2023 година до 14:30 часот, а секоја пријава што ќе пристигне по завршувањето на крајниот рок ќе биде автоматски одбиена, се наведува во јавниот повик. Повеќе детали за јавниот пповик на линкот.

OhridNews