Објавена програмата за овогодинешното второ издание на винскиот фестивал во Охрид кој ќе се оддржи на 22, 23, 24 јуни. Богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна, информираат организаторите.
На отварањето на фестивалот во четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле. Во петок Brass Brothers, охридските рокери The Backdoor Band и Luger, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден во сабота Александар Јосифовски, Фиц енд Д’ инвизиблс (Студени нозе Greatest hits) и Фанк Шуи. Сите денови настанот ќе го отвара диџеј Dj RootBoy Selector од 18:00 часот, а бендовите ќе ги забавуваат гостите до 01:00 часот, велат организаторите.
Потенцираат дека целта на фестивалот е да постане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид
Се надеваме дека имаме програма со која ќе ги задоволиме различните вкусови на сите посетители и во позитивна атмосфера ќе се дегустира убаво вино.
Фестивалот е организиран од Крафт Продукција, а под покровителство на Општина Охрид.
OhridNews