Општина Охрид, во врска со својата надлежност за социјална заштита за академската 2022/2023 година ќе додели еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од Општина Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик, а се со место на живеење во Општина Охрид.
Право на паричен надоместок – образовен додаток редовни студенти кои се жители на Охрид, запишани во тековната година на универзитетите во РМ (со одалеченост од најмалку 70 км од општина Охрид), да не повторувале година во текот на своето образование и да не ссе корисници на стипендија или кредит од друга институција или компанија, се наведува во повикот.
Во посебни услови кои треба да се исполнуваат во Јавниот повик наведени се: студентот потекнува од многудетно семејство (во семјството има три или повеќе деца); потекнува од еднородителско семејство (предност ќе имаат студентите чиј што еден родител е починат); студентот е дете без родители; студентот потекнува од семејство со вкупни примања на родителите до износот на минимална плата (18.000 денари во нето износ); потекнува од семејство во кое и двајцата родители примаат минимална плата;потекнува од семејство приматели на еднократна или постојана парична помош (гарантирана минимална помош за работно неспособни лица); студентот од прва линија во семејството има лице со посебни потреби или ретки болести.
Образовниот додаток се доделува еднократно за целата академска 2022/23 година, а изнесува еднократно во нето износ од 6000,00 денари за студенти кои ги исполнуваат горенаведените услови. Образовниот додаток за студенти е неповратен, се наведува во повикот.
Во буџетот на Општина Охрид, се напоменува, се обезбедени 720.000 денари за оваа намена, со што ќе биде овозможен паричен надоместок за максимум 120 студенти.
Повеќе информации на општинската веб страна.
OhridNews












