Општина Охрид објави оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење на локации за поставување урбана опрема.
За поставување фрижидери за продажба сладолед предвидени на следните локации:
- по должината на кеј „Македонија“ вкупно 11 локации
- плоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локација
- на ул,,Климент Охридски,, пред угостителски комплекс „Летница“ вкупно 2 локации
- левата страна на пешачка улица кој води од канал Студенчишта кон хотел Парк– 1 локација.
За продажба на книги предвидена е локацијата на малиот плоштад кај Долна Порта, каде ќе се продаваат и уметнички слики.
Сувенири ќе може да се продаваат:
- на влезот во комплексот „Плаошник“ вкупно 4 локации
- на патека од Самоилова тврдина кон комплексот „Плаошник“ вкупно 5 локации
- на пешачка улица кој води од канал Студенчишта кон хотел,,Парк,, – 8 локации.
- пред влезот на Антички театар – 1 локација
Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена.
Понудите може да се испратат најдоцна до 07.06.2019 во 15.00 часот.












