Министерството за здравство објави листа на земји каде тие се рангирани според степенот на ризик на заболување од коронавирус.
Во земји со висок степен на ризик се Кина со вкупно 80904 потврдени случаи, Јужна Кореја со вкупно 782 случаи, Италија 5883 случаи и Иран каде се регистрирани 5823 заболени.
Земји со среден степен на ризик се: Германија, Франција, Јапонија, Шпанија, Швајцарија, САД, Велика Британија, Холандија, Белгија, Шведска, Норвешка, Сингапур, Австрија, Малезија, Австралија и Грција.
Северна Македонија е во групата на земји со низок степен на ризик, заедно со Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија.
OhridNews