Локалната самоправа ги објави имињата на добитниците на ученички стипендии за учебната 2019/2020 година по објавениот Конкурс од страна на Градоначалникот на Општина Охрид д-р Константин Георгиески.

Добитниците се известуваат во период од 8 Јануари до 10 Јануари 2020 година да дојдат во малата сала на Општина Охрид, заради потпишување на договорите и со себе задолжително да понесат копија од трансакциска сметка.

Листата со добитници е објавена на интернет страната од општина Охрид.

OhridNews