Лондонскиот премиерлигаш Арсенал во последните денови од зимскиот преоден рок би требало да ги засили своите редови со фудбалерот од Борусија Дортмунд, Пјер Америк Oбамејанг.

„Топчиите“ интензивно преговараат со „милионерите“ околу оштета која најверојатно ќе достигне 60 милиони фунти. Дека има нешто потврди клубот од Дортмунд кој го суспендираше фудбалерот и го острани од екипата два натпревари.

Од исходот на Oбамејанг зависи иднината на Оливие Жиру на Емитари. Ако Габонецот биде купен, францускиот интернационалец ќе биде продаден во градскиот ривал Челси.

„Сините“ очајно бараат офанзивен фудбалер, бидејќи Алваро Мората не може да се носи сам со товарот. Челси во зимскиот преодеон рок се поврзуваше со Енди Керол кој е далеку од идеално и квалитетно решение за напаѓачките проблеми кои ги има менаџерот Антонио Конте.

OhridNews