Програмската платформа на политичката партија Обединети за Македонија ќе има своја промоција и во Охрид.  Промоцијата е закажана за недела, 28 март , со почеток во 18 часот, а ќе се одржи во просториите на Центарот за култура “Глигор Прличев”. Според најавите, на промоцијата ќе говори лидерот на партијата Љубе Бошкоски.


Партијата Обединети за Македонија беше основана на 29 мај 2009 година и според партиската програма, нејзини  основни начела на делување на македонската политичка сцена се залагање за демократски развој и социјален просперитет на Република Македонија, пазарно стопанство и приватна сопственост, како  темелни основи на економскиот систем, почитување на правата на етничките малцинства, зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО и обезбедување на економска и социјална сигурност за сите граѓани.

OhridNews