Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека неодамна се обезбедени 30 милиони евра од Светската банка, од кои 16 милиони се наменети за изградба на нови градинки и проширување на постоечките, обезбедувајќи простор за нови 7.000 деца. Паралелно ќе се зголемува и бројот на вработени со што се очекува во наредните четири години застапеноста на децата од 35% да се зголеми на 50%.

Од министерството додаваат дека паралелно со инвестициите во инфраструктурата, се инвестира и во подобрување на квалитетот на предучилишното образование, се работи на нов систем на лиценцирање и унапредување на квалитетот на програмите во градинките.

OhridNews