За санацијата на колекторскиот систем, од буџетот на Министерството за 2023 година се обезбедени средства во вкупна вредност од 40,4 милиони денари, согласно Програмата за колектроски систем Охрид и Струга за 2023 година.

Ова го предвидува договорот за доделување на средства за санација и унапредување на ефикасноста на колекторскиот систем Охрид – Струга, што денеска го потпишаа министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Колекторски Систем“, Владимир Алексијоски.

Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање во континуитет ја поддржува санацијата на овој колекторски систем, заради ревитализација на целиот систем и заштита на водите на Охридското Езеро, се наведува во соопштението на МЖСПП.

OhridNews