
– За сто триесет и четири лица од национални и од локални установи од областа на културата е добиена е согласност за зголемување на платите по основ на стекнати стручни звања на стручни работници во областа на заштитата на културното наследство, велат од министерството за култура.
Оттаму, додаваат дека на овој начин ќе се надмине долгогодишниот проблем и ќе биде извршена корекција на платите за вработените во 21 национална установа, и во 8 локални, по основ на стекнати стручни звања и тие ќе бидат распоредени на соодветни работни места во установите од областа на заштитата на културното наследство, согласно закон.
OhridNews










