Кинеските екипи продолжуваат да го „дрмаат“ европскиот трансфер пазар, откако Џон Оби Микел спогодбено го раскина договорот со Челси за преселба на далечниот исток.
Нигерскиот репрезентативец кој не доби прилика за докажување кај Антонио Конте кариерата ќе ја продолжи во Тиани Теда, иако пред почетокот на сезоната се поврзуваше со трансфер во Валенсија.
Оби Микел цели десет години ги бранеше боите на Челси, а во 2006 кога го засили клубот од Лондон се крена голема прашина, затоа што Манчестер Јунајтед беше во финални преговори со неговиот агент.
Во правецот кој го одбра Оби Микел се движи и голгетерот на Борусија Дортмунд, Пјер Омерик Аубамејнг. Кинески клуб на кој не му се открива името за услугите на напаѓачот понудал 150 милиони евра.
Кинеските милиони се` се поинтересни за фудбалерите од светска класа. По мирисот на парите заминаа Тевез, Оскар, Витсел..
OhridNews