Водици е празник кој масовно се одбележува во земјата. Сепак во охридско – струшкиот регион традицијата е посебна. Таа се пренесува и негува од генерација на генерација. Исклучок не се ниту помалите места. Во река, извор, бунар, крстот за Водици се положува во осветени води. Така беше и оваа година во охридското село Рамне, каде меѓу најхрабрите, највешт беше малиот Петар Неданоски, кој го фати крстот за Водици.

Убавата традиција за Водици годинава продолжи и во другите населени места во регионот каде овој празник од секогаш се славел со посебни чувства и достоинствено.

OhridNews