Оhrid Strays е непрофитна организација од Охрид, Македонија која им помага на кучињата скитници, мачки, птици и други животни на кои им е потребна помош, преку хранење, лекување, стерилизирање, вакцинирање, носење на ветеринар и вдомување, која функционира врз основа на донации и волонтерска работа.

Македонија доживува епидемија на кучиња скитници. За жал, институциите не преземаат ништо за овој проблем. Има некои јавни „засолништа“ кои се во толку лоша состојба што повеќето од животните умираат поради недостаток на ресурси.

Волонтерите од Оhrid Strays Анастазија и Владимир имаат најдено среќен дом за над 500 кучиња низ Европа и Америка. Преку вдомувањето оствариле многу контакти, пријатели на кои можат да се ослонат во иднина.

Повеќе погледнете во новата епизода на „Обични херои“.

Обични херои Е11 – Ohrid Strays

OhridNews