Вчера во 14,00 часот во охридската Полициска станица од страна на 44- годишен охриѓанец, било пријавено  дека истиот ден околу 13,30 часот пред зграда бр.12 на ул.„Бул.Туристичка“ две малолетни девојчиња на возраст од 11 и 12 години биле престретнати од непознато машко лице на возраст од околу 35-40 години.

Тоа со рака го удрило едното девојче во пределот на задникот, а потоа почнал да се смее на висок тон по што двете со забрзан чекор се упатиле во зградата. Откако влегле во лифтот, според пријавата, лицето дошло по нив и со една рака ја фатило вратата од лифтот, а со другата се потпрел со рамото на лифтот и притоа им се обратил, упатувајќи се во внатрешноста од лифтот фаќајки го едното девојче со рака за сукњата по што почнало да ја влече со намера да ја соблече, но таа со двете раце успеала да ја задржи. За тоа време лицето го откопчало патентот од шлицот од панталоните, и го извадило половиот орган. Во еден момент девојчињата успеале да се отргнат од лицето по што избегале, а лицето почнало да вика дека ништо нема да им направи смеејќи се наглас.

СВР-Охрид презема мекри за пронаоѓање на лицето.