
Од страна на УПС е излезено на наведеното место, каде се пронајдени и подигнати за вештачење 14 чаури и еден проектил кој бил во непосредна близина на моторциклот на нападнатиот а кој проектил претходно го пробил седиштето на моторциклот. По увидот на лице место, со наредба на истражен судија извршен е претрес во домот и помошните простории на осомничените за нападот во с.Горно Татеши, каде на околу два метри од куќата под запрежна коњска кола пронајдена е една автоматска пушка без сериски број и една рамка со девет куршуми, а исто така при претресот, одземени се и една ловна пушка, еден ловен карабин и пиштол марка „Црвена Застава“ М-57, кои ги поседувал со дозвола, соопшти полицијата.
Таткото и двајцата синови осомничени за оружениот напад се приведени во ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.
OhridNews












