Тренерот на Пари Сент Жермен, Унаи Емери и неговата сопруга се соочија со непријатна ситуација, откако нивниот дом во Париз беше обиен.

Крадците од домот на тренерот изнесоа лични работи вредни 20 000 евра, важни документи и дресови од фудбалерите на ПСЖ кои стратегот ги собирал.

Полицијта во Париз веднаш отвори истрага за насилното влегување во домот на Емери кое веројатно се случило додека „светците“ гостуваа кај Стразбур.

OhridNews