Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 29-годишен стружанец.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти декември минатата година во угостителски објект во Струга. Тој, насилно со употреба на физичка сила, го скршил прзорецот, влегол во внатрешноста на објектот и извршил пребарување, одзел еден телевизор по што избегал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 6.000 денари.

OhridNews