Времето денеска ќе биде претпладне умерено облачно, попладне и кон крајот на денот нестабилно со поројни врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Во Охрид облачно со врнежи од дожд и максимална температура до 10 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Врнежливо ќе биде и во наредните два дена. Утринската температура ќе се движи од 0 – 9, а дневната од 7 до 19 степени.

OhridNews