Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране, 21 литар на метар квадратен, по што следуваат Тетово,19, Попова Шапка, 17, Маврови Анови, 11, Охрид, 6, Крушево, 5, Лазарополе, 3, Берово и Претор, 2, Скопје, Прилеп и Тополчани еден.

До крајот на денот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени.

Во среда не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне 10 степени.

Г.М.