Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни. Денеска пообилни врнежи ќе има во северозападните, централните и југоисточните делови, а во петок во југозападните. Локално се очекува да наврнат уште над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови.

Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има опаѓање на температурата и повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места и врнежи од снег.

OhridNews