Координативното тело за справување со кризи ја разгледуваше состојбата со најавите за нов бран на обилни врнежи што се очекуваат за време на викендот, при што се разгледани и превентивните мерки што треба да ги превевземат сите надлежни институции.
 
Според информациите од УХМР, нов јужен бран од дождови ќе ја зафати територијата на Република Македонија утре попладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари и над 80км/час. Попладне  и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни (локално од 40л/м2 до 60 л/м2).

Обилни врнежи од дожд и силен ветар од утре попладне ќе има и во Охрид. Максималната температура викендов ќе се движи од 5 до 7 степени, додека пак минималната од 3 до 4 степени.

На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголеми. Нови пообилни врнежи ќе има во сабота ноќта и во недела кога врнежите ќе бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер.

Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите и се очекува излевање на реките со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба.

OhridNews