Нов влажен и релативно топол бран со обилни врнежи од дожд ќе има од денеска до сабота. Денеска ќе дува засилен јужен ветер, а врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Максималната дневна темепература во Охрид ќе достигне до 12 степени Целзиуосови.

Во петок обилни врнежи се очекуваат на повеќе места,а во сабота во источните делови каде ќе има услови за појава на грмежи. Снег ќе има само на високите планини.

Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и околу 100л/м2 дожд. Во недела и понеделник врнежите ќе бидат локални, а температурите ќе бидат во опаѓање, соопшти УХМР Македонија.

OhridNews