Дождот кој непрекинато врне во Охрид веќе втор ден максимално ја оптовари градската водоводна мрежа што предизвика бројни дефекти во повеќе населби. Oд МЈП Проаква информираа дека на две места пукнале цевки со профил фи 200 и фи 160, а прекин на водоснабдувањето има во горно Лакочереј, Лескоец, населбата Црногорци, 15-ти Корпус и на улиците Ристо Чадо и Кленоец.
Надлежните информираат дека поради големото оптоварување на водоводната мрежа прекин во водоснабдувањето во овие населени места ќе има утре (сабота) од 7 до 15 часот. Екипи на Водовод Охрид внимателно ја следата состојбата и се ангажираат во санација на дефектите.
OhridNews












