Во рамки на GIZ LEIWW програмата на германското министерство за економска соработка и развој (BMZ), во тек е имплементација на проектот “Поттикнување на вработливост во туристичкиот. сектор“. Целна група на проектот се повратници од Германија и други земји-партнери, заинтересирани за враќање во нивната земја на потекло и млади невработени лица. Проектот ќе се имплементира во избраните пилот региони: Преспа/Охрид – прекугранична област на Македониja и Албанија и Шара – прекугранична област на Македонија, Албанија и Косово.
Во рамки на проектот се нуди можност за вработување преку неформални програми за квалификација и обука, како и финансиска поддршка за започнување/проширување на мали бизниси.
Мерките се фокусирани на туристичкиот сектор, како потенцијален економски сектор, кој може да се спротивстави на социјалните и економски предизвици со кои се соочуваат руралните области во земјите од ЈИЕ.
Преку организираните обуки за:
– готвачи,
– пекари,
– професионални келнери,
– бармени и
– баристи,
ќе се зголемат шансите на обучените за вработување во туристичкиот сектор, а истовремено ќе се одговори на зголемената побарувачка на приватниот сектор од таргетираните региони за овие професии.
Повеќе информации за проектот може да најдете на следниот ЛИНК, каде се наоѓа и апликативниот формулар за пријавување на учество.
За дополнителни прашања, може да се обратите до:
Лилјана Ѓоргиевска 070 414 720; [email protected];
Маја Георгиоска 070 384 835; [email protected]
OhridNews












