Ј.П.”Охридски Комуналец” го објави распоредот на есенските акции за подигање на зелен отпад од населбите во градот.

Денес акцијата се реализира во населбите Христо Узунов, Карабегомала и Горна Влашка Мала.

Следната акција јавното претпријатие ќе ја реализира 9- ти ноември во населбите Воска и Даљан, по што на 16- ти ноември ќе следува акцијата во населбата Видобишта и на 23- ти ноември во населбата Црногорци.

Согласно најавениот распоред за акциите, се молат граѓаните во овие делови од градот отпадот уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отапд.

OhridNews