Деновиве преку јавните гласила е објавен Конкурс за избор на директор на Јавната научна установа Хидробиолошки завод во Охрид.

Кандидатите за избор на директор на Заводот треба да бидат научни работници со научни или наставнонаучни звања: научен соработник доцент, виш научен соработник вонреден професор или научен советник редовен професор кои ги исполнуваат и следните услови:- да се афирмирани научни работници од областа на Лимнологија,- да поседуваат способности за организирање на работата на Заводот,- да имаат активно познавање на англиски јазик.

Кандидатите кои се пријавуваат за директор на Заводот, освен пропишаната документација теба да достават и Програма за работа во мандатниот период. Конкурсот ќе биде отворен до 7-ми април 2016 година.

Со Хидробиолошкиот завод во Охрид во изминатите четири години раководеше д-р Сузана Патчева која беше избрана на оваа позиција во април 2012 година.

OhridNews