Градоначалникот на Општина Охрид објави јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Нискоградба“.

Како што се наведува во конкурсот, кандидатите треба да се државјани на Република Македонија и да имаат високо образование или стекнати 300 кредити според ЕКТС. Кандидатите кои се пријавуваат потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.Сите пријавени кандидати имаат еднакви можности да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.

Пристигнатите документи ќе ги прегледува три члена комисија избрана од страна на Градоначалникот на Општина Охрид и во рок од  осум дена по истекот на рокот на конкурсот, целокупната документација ќе ја достави до Градоначалникот, кој во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата, треба да донесе одлука за избор на Директор.Огласот трае пет работни дена од денот на објавување во дневните весници.

Минатата недела конкурси за избор на директор беа објавени и за јавните претпријатија „ Градски пазар“, „ Градски гробишта“ и „Охридски комуналец“.

OhridNews