Владата објави конкурс за финансиска поддршка за вработување на невработени лица и лица од ранливи групи. За таа цел од државниот буџет за 2014 издвоени се 47.520.000 денари, финансиска поддршка за вработување на околу 587 евидентирани невработени лица регистрирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија.
– Од предвидените 587 невработени лица 80-тина се од ранливите групи: жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, жртви на трговија со луѓе, информира министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Во програмата се предвидува финансиската поддршка за вработување на невработени лица од ранливи групи да изнесува 17.000 денари по лице месечно, од кои 3.000 денари по лице ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес.
Секој работодавач кој има вработено до 10 работници ќе има право на субвенција за вработување најмногу до 2 невработени лица. Фирмата која има вработено до 50 работници има право на субвенција за вработување најмногу до 5 невработени лица, додека Компаниите кои имаат повеќе од 50 работници има право на субвенција за вработување најмногу до 10 невработени лица. Субвенцијата за секое вработено лице се исплаќа во бруто плата со износ од 13.000 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавачот има обврска лицето да го задржи на работа најмалку уште 12 месеци или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на невработени лица при што приоритет ќе имаат лицата од истата целна група.
OhridNews
извор: Макфакс