Градоначалникот на општина Охрид објави конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2017/2018 година.
Општина Охрид ќе додели 20 студентски стипендии и тоа:
А) 10 (десет) стипендии за редовни студенти од прва, втора, трета, четврта, петта и шеста година од општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји, за академската 2017/2018 година и
Б) 10 (десет) стипендии за редовни студенти од прва, втора, трета, четврта, петта и шеста година од општина Охрид кои студираат на државните универзитети во Македонија, за академската 2017/2018 година и живеат во потешки социјални услови.
Висината на стипендијата ќе изнесува 3 000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2017/2018 година. Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот.
OhridNews












