Министерството за култура на Република Македонија деновиве го распиша конкурсот за доделување државната награда „11 Октомври” за 2014 година. Со оваа награда се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Според условите на конкурсот, оваа награда може да биде доделена на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата и од странство. Иницијатива за доделување на наградата „11 Октомври” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Конкурсот за аплицирање ќе биде отворен до 31-ви мај 2014 година, а повеќе детали околу начинот на аплицирање може да се добијат на веб-страницата на Министерството за култура.

OhridNews