Министерството за култура на Република Македонија деновиве го објави конкурсот за доделување државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2014 година.

Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Според условите на конкурсот, оваа награда може да биде доделена на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата и од странство. Иницијатива за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Конкурсот за аплицирање ќе биде отворен до 30-ти јуни 2014 година, а повеќе детали околу начинот на аплицирање може да се добијат на веб-страницата на Министерството за култура.

OhridNews