Објавен е конкурсот за уписи на јавните високоборазовни установи во Република Македонија за академската 2016/17 година. Матурантите кои имаат намера да го продолжат своето образование истиот може да го погледнат во печатените медиуми и на интернет страницата на Министерството за образование и наука.

Конкурсот предвидува вкупно 24.356 слободни места на петте јавни високообразовни установи во државата. Од нив 13.536  места се наменети за редовни студенти во државна квота, 7.327 места за студентите со кофинансирање и 3.493 слободни места за вонредни студенти.

Најмногу слободни места има на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 10.535. Од нив, 6.606 се за редовни студенти во државна квота, 2.819 за квота редовни студенти со кофинансирање и 1.110 за вонредни студенти.

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола има вкупно 3.543 слободни места, од кои 2.040 за редовни студенти во државна квота, 790 за квота редовни студенти со кофинансирање и 713 за вонредни студенти.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има вкупно 440 слободни места, од кои 220 за редовните студенти во државна квота, 110 за квота редовни студенти со кофинасирање и 110 за вонредни студенти.

На Државниот универзитет во Тетово има вкупно 4.600 слободни места, од кои 1.335 за редовни студенти во државна квота, 2.600 за квота редовни студенти со кофинансирање и 665 за вонредни студенти.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има вкупно 5.238 слободни места, од кои 3.335 за редовни студенти во државна квота, 1.008 за квота редовни студенти со кофинасирање и 895 за вонредни студенти.

Слично како и во текот на претходните години, лицата кои ќе се запишат како редовни студенти и ќе влезат во државната квота ќе плаќаат 200 евра годишно во денарска противвредност. Студентите кои ќе се запишат како редовни во квотата со кофинансирање и вонредните стиденти ќе плаќаат 400 евра годишно во денарска противвредност.

OhridNews