Сите што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност, а немаат наполнето 40 години, ќе може да аплицираа на огласот за Субвенции за млади фармери кој беше објавен вчера.

–За оваа година обезбедени се средства за преку 100 апликации. Интересот е огромен. Во 2012-та имаше само тројца апликанти, додека во 2013, 14-та и 15-та година кога интересот беше најголем, одобрени беа 134 во износ од 1,2 милиона евра. До последниот оглас објавен вчера, поддршката изнесува 1,5 милиони евра за вкупно 170 млади земјоделци, истакна денеска заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.

Огласот за млади земјоделци ќе трае еден месец, а барањата се доставуваат електрински. За сите информации, младите земјоделци можат да се обратат во Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.

OhridNews