Општина Охрид објави Јавен оглас за за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

Субвенционирањето на трошоците за комуналните услуги, се однесува за периодот од 1-ви јануари 2016 година, заклучно со 31-ви декември 2016 година. Вкупниот износ на субвенцијата ќе изнесува 600, денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненти: Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари; Покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари ; Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосверски води до 150 денари; Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари.

Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од Буџетот на општина Охрид, имаат лицата со статус на: Корисник на социјална помош; Корисник на постојана парична помош или Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен,

Јавниот оглас ќе трае до 15-ти јануари 2016 година, а повеќе информации за начинот на аплицирање се достапни на веб страницата на општина Охрид.

OhridNews