Министерството за труд и социјална политика објави оглас за вработување на 30 лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа. Аплицирањето може да се врши во наредните 20 дена.
„ Огласот за вработување на 30 лица е во рамки на програмата Д 10. Токму затоа, ги повикувам сите заинтересирани лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа, и коишто ги исполнуваат условите и критериумите наведени во огласот, да аплицираат во наредните 20 дена за добивање на соодветен работен ангажман во зависност од нивните квалификации”, рече министерот Диме Спасов.
Сите оние кои ги исполнуваат условите може да конкурираат за наведените позиции во огласот според кој се бара 15 лица со високо образование, 15 лица со средно образование. Заинтересираните може да најдат повеќе информации на страницата на Министерството за труд и социјална политика њњњ.мтсп.гов.мк, како и на сајтот на Агенцијата за администрација.
Вработувањето на овие лица е во рамки на Програмата Д 10 преку која во 2013 година во јавната администрација се вработиле вкупно 83 лица коишто имале статус на деца без родители и родителска грижа до 18 години.
OhridNews