Општина Охрид објави тендер за давање под краткотраен закуп за период од 5 години на градежно изградено земјиште, паркинзи од втора и трета паркинг зона.

Право на учество на јавното електронско наддавање кое ќе се одржи на 6- ти февруари имаат физички и правни лица, а пријавите за учество можат да се достават до 2- ри февруари.

Во втора паркинг зона опфатени се улиците „Партизанска“ од спојот со улица „Кузман Јосифоски“ до ул. „Ванчо Николески, „Партизанска“ од спој со „ Ванчо Николески“ до спој со улица „Серафим Китаноски“, Ул. „Димитар Влахов“ од спој со ул. „Јане Сандански“ до спој со ул. „Македонски  Просветители“. Ул. „Ванчо Николески“ по цела должина. Ул. „Кузман Јосифоски Питу“ од спој со улица „Димитар Влахов“ до спој со ул. „Партизанска“, Ул. „Ново Проектирана“ од спој со ул. „Димитар Влахов“ до спој со ул. Партизнска, Ул. Кеј Маршал Тито од улица Јане Сандански до езерска полиција, Ул. „Самоилова“ од кружен тек на плоштадот до пицерија „Немо“.

Трета паркинг зона се улиците „Асном“, „Караорман“, Бул. „Туристичка“ од пресек со „Македонски Просветители“ до спој со „Јане Сандански“, „ Јане Сандански“ од пресек со „Кеј Маршал Тито“ до пресек со ул. „Партизанска“, Ул. „7-ми Ноември“ од пресек со ул. „Беќир Алириза“ до ул Васил Главинов, „Даме Груев“ од спој со „Македонски Просветители“ до „Туристичка“, Ул. „Партизанска“ од ул. „Јане Сандански“ до ул. „Асном“.

Со најповолниот понудувач, градоначалникот на Општина Охрид склучува договор за краткотраен закуп за период од 5 години. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува да ги уреди паркинзите согласно студијата за утврдување на систем за улично и зонско паркирање во централното градско подрачје, во спротивно договорот еднострано ќе се раскине.

OhridNews