Карате приказната за малиот а голем јунак раскажана во ова монографско издание, е за прекрасното момче Пеце Наумовски од убавиот Мелбурн, градот – градина во австралиската држава Викторија. На овие страници е сместена   многу интересна, доста необична, возбудлива и несекојдневна сага. Вистинска  модерна сторија, со богато испишани страници  за четиринаесетте години на  одличниот  ученик и супер млад  спортист. Пеце е исклучително вреден, упорен, весел, разговорлив и комуникативен. Но, е бескомпромисен  борец   со карате – ривалите, без разлика на кои мегдани и на кои меридијани  по светот се одржуваат натпреварите, се манифестираат вештините  и се одмеруваат силите.

Освои многу трофеи, се закити со многу медали, доби големи признанија. Реди рекорди. Се искачува постојано на тронот на победниците. Стои простум, со крената глава, кога во негова чест  се интонира химната и се крева високо на јарболите знамето на петтиот континент, а салите одекнуваат од бурни аплаузи или вистински овации за шампионот.

 Пеце постана првак  на Викторија. Стана и шампион на Австралија. Успех кој го повтори и во оваа 2011 година во  Бризбејн. Но, славеше и на Тахити, кога надмоќно го освои првото место  за  Океанија. Во Јапонија беше трет а на островот  Фиџи    се закити со златен медал. На игрите од земјите на Комонвелтот што се одржаа во Австралија тој го освои третото место…

Во силна конкуренција на десетгодишна возраст, по исклучително квалитетниот настап  кога ги порази сите противници, Пеце станува светски првак во  КГР – дисциплината на Светското првенство во Бирмингем, Обединетото Кралство. Набројувајќи ги натаму успесите на ова вредно и трофејно момче, го издвојуваме –  првото место во неговата категорија и на Отвореното првенство на Америка, што се одржа во Лас Вегас во државата Невада. Додека пак на Олимпијадата за млади, исто така во Соединетите Американски Држави, тој се закити со бронзен медал. 

Осум пати бил австралиски шампион. Четири пати ГКР шампион. Три пати бил Нас натионал алл сталес, АКЕ првак, ЈКФ првак, како и прв на шампионатот во текондо на Викторија. Витрините во семејниот дом на Наумовски се исполнети со многу трофеи. Со златни сребрени и бронзени медали. Со сертификати и признанија. Со статуетки и дипломи, со дарови и сувенири, освоени на различните натпреварувања низ повеке земји и првенства на неколку континенти.

Пеце  веќе  е носител на црн појас и прв дан во карате вештините – што е  многу голем успех  и престижна титула за едно така младо момче

За извонредните успеси на карате Кидот Пеце, кој е  ученик во средното училиште Томастаун во еријата Лалор, во Мелбурн, пишувале многу медиуми во Австралија, во Македонија и  светот. Тој бил гостин на најпознати телевизиски канали и радио програми, бил на страниците од низа влијателни агенции, весници и списанија.  Додека многубројни се средбите со претседатели и премиери, со врвни политичари, духовни лидери,  спортски и естрадни ѕвезди и имиња и во двете земји.

Ohridnews