Во издание на „Македонска реч“ деновиве е објавена монографија „Поезија-небо“, посветена на творештвото на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски. Автор на монографијата е Кристина Николовска.
Во ова дело се содржани две интервјуа на Ѓорго- Димоски, анализа на Николовска и нејзин поглед во суштината на неговата поезија како и експертска анализа на три песни од овој поет: „ Портрет: Мајка“, „ Предание за прчот“ и „ Ноќта е црна Либе Мариа“.
– За автор кој сеуште пишува и е во зенитот на творењето, издавањето на монографија која содржи експертско видување на творештвото на поетот е голема чест и задоволство, изјави Славе Ѓорго- Димоски во врска со објавувањето на монографијата.
Поезијата на Ѓорго Димоски е наградувана со повеќе домашни и меѓународни признанија. Неодамна Поетската асоцијација на Москва му ја додели престижната награда „Сергеј Есенин“.











