Комисијата за верификација на фактите
објави уште 12 имиња на функционери за кои утврдила дека соработувале со
тајните служби.
На интернет страницата на Комисијата објавени се само имињата на овие
функционери, решението со кое Комисијата потврдила дека биле кодоши и
документите врз основа на кои го донела ова решение се уште не се
објавени, пренесува „Макфакс“.
На оваа листа се најде поранешниот претседател на Уставниот суд,
Трендафил Ивановски, кој беше прв лустриран функционер од почетокот на
овој процес во Македонија.
Најголем број од соработниците кои беа денеска објавени биле директори или новинари.
Станува збор за, Миленко Габер, поранешен директор на Заводот за
вработување Берово, Ѓорги Прцуловски, поранешен претседател на општина
Ресен, Михаил Андреев, поранешен директор, Киро Јанчев, поранешен
директор), Бранко Темов, член на УО, , Петар Целакоски, поранешен
директор на Дом на култура Битола, Киро Дојчиновски, поранешен пратеник
во Собранието на Република Македонија, Стојан Чамински, поранешен
секретар во СВР-СК, Хисен Шаќири, новинар, Мустафа Спахију, новинар и
Реџеп Златку, кој е лустриран по службена должност.
Опозицијата повторно излезе со реакција по објавувањето на имињата на соработниците на тајните служби.
„Театарот наречен лустрација, продолжува. Според закон со неуставни
елементи кој не е гласан од опозицијата, со претседател на комисијата со
поминат мандат. Режисерот на театарот очајнички се обидува да го
оттргне вниманието на граѓаните од неподносливата реалност. Колку
поголем очај кај режисерот, толку поголем театар“, стои во писмената реакција на СДСМ.
извор:„Макфакс“