„Меѓународен аеродром Скопје“ или во транскрипција, испишано на англиски јазик International Airport Skopje. Во „Службен весник“ се објавени одлуките на Владата за преименување на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот од Табановце до граничниот премин Богородица.
Одлуката треба да биде доставена до Министерството за транспорт и врски, до „ТАВ Македонија“ ДООЕЛ Скопје и до АД за аеродромски услуги „Аеродроми на Македонија“ за спроведување активности што произлегуваат од нејзиното реализирање. Објавена е и одлуката за името на автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица (Коридор X), според која, новиот назив ќе гласи „Пријателство“.