По извршената ревизија, министерството за образование и наука ја објави предлог-верзијата на новите наставни програми за второ и трето одделение. Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми за второ и трето одделение.
Коментарите и предлозите може да се испратат на нппЖмон.гов.мк , како и да се достават до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).
Новите наставни програми за второ и трето одделение заинтересираните може да ги најдат на интернет страната на министерството за образование.
OhridNews