Времето во Охрид во текот на оваа седмица ќе биде претежно облачно, а ќе дојде и до опаѓање на температурата. Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок. Дневната температура ќе биде од 5 до 9 степени, а минималната од 1 до 4 степени целзиусови.
За време на викендот облачното време ќе продолжи при што се можни врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе биде меѓу четвртиот и петтиот степен, а минималната од минус еден до првиот степен над нулата.
OhridNews












