Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Наместа ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 6 степени.

На празникот Водици, понеделник, не очекува променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде околу нулата, а максималната ќе достигне 5 степени.

Г.М.